Ракометниот клуб Фруитленд Борец го засили својот ростер со младото и талентирано име, Бариша Цвитановиќ, кој ќе настапува на позицијата лев бек. Цвитановиќ, кој има 22 години, доаѓа од хрватскиот клуб Метковиќ.
За Цвитановиќ ова е прв интернационален предизвик, а велешани добиваат висок бек шутер и се очекува достојно да го замени Тоше Ончев. Инаку Цвитановиќ потекнува од ракометната школа на Ивано Балиќ и Перо Метличиќ.
Велешани се наоѓаат на 10 место на табелата, а на 16 натпревари досега имаа две победи, две нерешени средби и 12 порази, па во пролетниот дел од сезоната ќе се борат за опстанок во Супер лигата. Првиот натпревар од пролетниот дел ќе го одиграат на 8 февруар на домашен терен против екипата на Охрид.