Фруитленд Борец со победа над Вардар Неготино ги заокружи тест натпреварите

rk-prolet-rk-struga-2024-

Тимот на Фруитленд Борец ја запиша првата победа победа на пријателските натпревари пред стартот на пролетниот дел од сезоната. На вчерашниот контролен натпревар во Неготино, велешани беа подобри од домаќинот со резултат 38:31.

За велешани ова беше петти и последен контролен натпревар пред стартот на вториот дел од ракометната Супер лига. Претходно Фруитленд Борец загуби од Пролет, со резултат 35:32,  во Кавадарци, Тиквеш беше подобар со резултат 38:25, а поразени беа и од Вардар Скопје со резултат 40:26. На првиот тест натпревар велешани ремизираа на гостувањето во Прилеп со резултат 27:27.

Agria

Ракометната Супер лига продолжува наредниот викенд, а Фруитленд Борец ќе го пречека составот на Охрид.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Познат е распоредот во ПЛ за сезоната 2025/26: На стартот веднаш дерби
Директорот на БЈБ во Велес: На патиштата има се’ повеќе тешки сообраќјни несреќи, неопходно е засилување на реакцијата на терен
Туфегџиќ бара ослободување на таткото на Вања: „Обвинителот се обиде да го претстави како нарко-зависник и неработник кој сакал само да дојде до пари“