Постапувајќи по поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Велес, Основниот суд во Велес донесе првостепена пресуда против негователката во градинка – Злоупотреба на службената положба и овластување 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Вработената е огласена за виновна бидејќи на децата им давала да пробаат електронска цигара и Судот и изрече условна осуда, како и споредна казна забрана за вршење професија дејност или должност во траење од 5 години по правосилноста на пресудата. Надлежниот јавен обвинител поднесе жалба на пресудата поради одлуката за кривичната санкција.
Случката беше обелоднета во јавноста на 3 октомври 2023 година, кога родители на неколку деца од градинката „Димче Мирчев“ од Велес тврдеа дека негувателка во клонот Дворови им понудила на децата да пробаат од нејзината електронска цигара, а децата од љубопитност пробале од цигарата. Тие тврдеа дека настанот се случил на 29 септември, кога негувателката останала сама со групата деца во занимална. Негувателката веднаш беше суспендирана од работното место и раководството на градинката поведе дисциплинска постапка против неа.