На повеќе локации во Велес, вчера од страна на Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес,беше спроведена превентивна активност во рамките на кампањата на министерството насловена како – „Градиме пријателство-создаваме безбедност“, за превенција од имотни деликти, со посебен акцент на превенцијата од џебни кражби и од измами врз постари лица и пензионери.
Оваа превентивна активност се реализираше преку непосредни средби со граѓаните, особено оние од повозрасните категории, на кои полициски службеници им укажуваа како да се заштитат, односно што да преземат со цел да се заштитат од сторителите на вакви кривични дела.