Денес ќе се одиграат три натпревари од 14 коло на Втората кошаркарска лига на Македонија. Велешкиот второлигаш ќе гостува кај екипата на Соколи 1933 во Штип.
Штипјани ќе имаат голема мотивација да го совладаат Борец баскет, бидејќи велешани им нанесоа пораз во Велс во првиот дел од сезоната. Борец Баскет доколку победи ќе се зацврсти на четвртата позиција, место кое обезбедува предност на домашен терен во плеј офот.
Натпреварот спортската сала “Јордан Мијалков” во Штип ќе започне во 18 часот, а судии ќе бидат Митев, Кестев и Игњатовски.