(ФОТО) Претрес во велешко, пронајдено оружје и муниција, приведени две лица

Денеска (09.02.2025), полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес и полициски службеници од Полициското одделение Чашка ги лишиле од слобода М.З.(86) и 41-годишната М.З., двајцата од село Долно Јаболчиште, општина Чашка.

При претрес во нивниот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени ловечка пушка ,,Бајкал”, ловечка пушка ,,Црвена Застава”, карабин ,,Хемерлес”, два оптички нишани за пушка, оружје за светлосна и звучна сигнализација, пиштол ,,ЦЗ- 99″, 146 куршуми различен калибар, 21 ловечки патрони, две рамки за пиштол, карабин ,,Црвена застава”- расклопен на делови и карабин без ознаки. Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Agria

Исто така, со наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес и во домот на Џ.З.(44) од село Долно Јаболчиште, општина Чашка, каде биле пронајдени и одземени ловечка пушка ,,Бајкал” и 20 патрони за пушката. Известен бил јавен обвинител.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Велешанецот Кристијан Смилев знаменосец и гордост на Македонија на ЕМОФ 2025
Тинејџери повредени во сообраќајка кај Бузалково – 16-годишник управувал со „БМВ“
Приведен маж од велешко село поради семејно насилство – ја нападнал сопругата во нивниот дом