Градоначалникот Колев го потпиша договорот за изградба на подземна катна гаража во центарот на градот

Велес ќе добие подземна катна гаража, откако денеска градоначалникот Марко Колев го потпиша договорот за изградба на овој објект во центарот на градот, на местото на сегашниот парктинг пред судот. Во рамките на договорот, ќе се изградат три подземни катови со вкупно 100 нови паркинг места. За Колев, ова е најголемата капитална инвестиција во Велес.

„Со огромно задоволство го потпишавме договорот за изградба на подземната гаража во центарот на градот. Оваа инвестиција ќе обезбеди 100 паркинг места, на три подземни катови, и ќе помогне во намалувањето на сообраќајниот метеж во оваа област“, напиша градоначалникот Марко Колев на својот фејсбук профил.

Agria

Овој проект, кој се очекува да го реши проблемот со сообраќајниот метеж во овој дел на градот, е значајна капитална инвестиција за подобрување на инфраструктурата. Според првичните планови, по изградбата на гаражата, просторот пред судот треба да стане градски плоштад.

Министерството за локална самоуправа денеска го објави вториот оглас за финансирање на проекти во општините, во вредност од 250 милиони евра, пари обезбедени од Унгарскиот кредит. Се очекува Велес да добие нов капитален проект.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Се забрануваат 53 портали кои што нелегално приредувале игри на среќа во Македонија
Бузалкова ја совлада Тополка и обезбеди полуфинале во Купот на ОФС Велес
Вооружен напад во кафуле во Штип – едно лице повредено, напаѓачот во бегство