Во ЗОО Скопје угинати берберски овци

skopje_zoo_naslovna

Во текот на минатата недела, во живеалиштето на берберски овци при редовна утринска контрола пронајдовме угинати животни, кои немаа видливи знаци на повреди, ниту пак претходно покажале знаци на болест, посочија од Зоолошката градина во Скопје во објава на „Фесјбук“.

Веднаш беа повикани инспектор од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) и стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина, кои направија целосен увид на лице место и ја отпочнаа постапката за обдукција на угинатите единки. Причината за смртта ќе биде соопштена кога ќе бидат направени сите анализи и ќе ги добиеме резултатите од обдукцијата“, посочија оттаму.

Agria

Се сомневаат дека станува збор за труење од гранки од растението тиса (taxus baccata) кое може да биде отровно за животните.

„Нашата установа редовно и транспарентно известува за сите случувања, а доколку се случи немил настан, веднаш ги известуваме сите надлежни институции со цел брзо постапување и откривање на причините“, истакнуваат од Зоолошката градина.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Пијан возач предизвика серија судари низ Велес
Уапсен убиецот кој вчера пукаше во Штип
Се забрануваат 53 портали кои што нелегално приредувале игри на среќа во Македонија