Времето утрово ќе биде променливо облачно и студено, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа долж Повардарието со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Преку денот ќе преовладува претежно сончево време, а мало зголемување на облачноста ќе има за време на викендот.