„Визер“ ја укинува линијата Скопје – Будимпешта

WIZZ AIR SKOPJE

Нискобуџетната компанија „Визер“ укинува уште една авио-линија. Од 9 март повеќе нема да сообраќа на релацијата Скопје – Будимпешта. Образложение за одлуката, нема.

Во релативно кус временски период, „Визер“, која се претставува како компанија фокусирана на постојано воведување новитети, укина седум лета од главниот град на Македонија. Во јануари тоа се случи со летовите за Салцбург и Бремен. А, неколку месеци претходно престана да сообраќа до Келн, Копенхаген и до Скавста во Стокхолм.

Agria

Пред две години оваа авиокомпанија, која привлекува патници со достапните цени на авиобилетите, доби субвенции за реализација на линиите до Салцбург, Луксембург, Штутгарт и Љубљана. Тогаш беше најавувана експанзија со шестиот авион и нови рути, но од сето тоа, сега се лета само од Скопје до главниот град на Словенија.

Освен тоа, на последниот владин оглас, доби субвенции за Лион, Барселона и Штутгарт. За возврат, линиите треба да се актвни во период од три години.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
21-годишник од Велес пријавил дека му се барале 20.000 евра под закана со пиштол
Завршни зборови на судењето за Вања и Панче: „Обвинителството го стави Видевски на столбот на срамот без вистински докази“ – истакна неговиот адвокат
Евакуирани првите македонски државјани од Израел