Реклама

Горивата поевтинуваат

benzin

Малопродажните цени на Eуросупер БС-95, како и на Еуросупер БС-98 се намалуваат за половина денар, исто како и кога станува збор за малопродажната цена на Еуродизел, во однос на цените утврдени минатата недела.

Zito akcija 640x289px

Така, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 57 денари за литар гориво, Еуросупер БС-98 ќе се продава по 59 денари за литар, додека пак цената на Еуродизел ќе изнесува 49 денари за литар наточено гориво.

Agria

Регулаторната Комисија за енергетика својата одлука ја базира на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар кои во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 1,89%, кај дизелот намалување во просек за околу 2,594%.