30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Просечната плата во декември 43 587 денари, објави ДЗС

Denari plata

Просечната нето плата во декември била 43 587 денари, пресмета и објави Државниот Завод за статистика.Ова е првпат месечната нето плата да ја пробие границата од 43 илјади денари. Во однос на претходниот месец ноември 2024-та, просечната нето плата е зголемена за 1 588 денари или за 3,8%.

Zito akcija 640x289px

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 13,2 отсто, Транспорт и складирање за 12,3 проценти и Рударство и вадење на камен за 12 отсто – се наведува во соопштението на ДЗС.

Agria

Во однос на декември 2023-та, просечната нето плата се покачила за 9%, додека реалната плата е покачена за 4,4%. Највисока нето плата е исплатена во воздухопловниот транспорт каде месечниот просек е 136 702 денари или околу 2 200 евра.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: