Претседателот Венко Филипче е единствен кандидат за претседател на СДСМ на редовните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 16 март 2025 година, утврди Централната изборна комисија, информираат од оваа партија.
Комисијата одржа седница за разгледување на поднесените кандидатури за претседател на СДСМ и утврдување на листа кандидати за редовните внатрепартиски избори.
„Врз основа на Статутот на СДСМ како и врз основа на Член 9 од Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор, Централната изборна комисија утврди единствена листа на потврдени кандидати за Претседател на СДСМ: 1.Венко Филипче“.
Одлуката на Комисијата, како што е соопштено, ќе биде објавена на веб страната на СДСМ заедно со програмата на кандидатот а ќе биде доставена и до сите Општински изборни комисии.
СДСМ, додаваат од партијата е единствената партија во земјата во која членството бира претседател на дирекрни внатрепартиски избори што говори за демократскиот капацитет и на партијата и на членовите.