Од 27 март до 16 април годинава ќе се одржи четвртото издание на театарскиот фестивал на комедија „5ре“, информираа од Општина Велес. Граѓаните ќе имаат можност да уживаат во интересни театарски комедии и да се насмеат до солзи.
Во чест на доајенот на театарското и филмското глумиште Петре Прличко, ќе биде доделена и наградата за животно дело, а организаторите најавија и неколку изненадувања.
Повеќе детали околу театарските претстави во рамки на фестивалот, ќе бидат објавени наскоро.