Реклама

Шкупи Струга Трим Лум го откажа тестирањето за ковид 19 поради тоа што не веруваат во тестовите

Vardar test

Синдикатот на фудбалери на Македонија, информираше дека фудбалскиот клуб Шкупи го откажал тестирањето за вирусот ковид 19 поради тоа што тие не верувале во тестовите, откако во текот на вчерашниот ден шест лица од фудбалските клубови Шкендија и Ренова беа позитивни на коронавирусот.

Zito akcija 640x289px

Фк Струга Трим Лум исто така одбил да се тестира, меѓутоа коректно најавиле дека тестови ќе направат некаде во државните болници.

Agria

За разлика од Шкупи и Струга Трим Лум кои не се за овој вид на тестирања, фудбалерите на Вардар денеска беа тестирани на коронавирусот од медицинска екипа на Аџибадем Систина како дел од протоколот за продолжение на сезоната.

За пофалба е потегот на Фк Слога од Виница. Иако ќе играат бараж натпревар за влез во втора лига,Фк Слога побарала да се обезбеди тестирање на играчите и стручниот штаб, за бездбедно одигрување на натпреварите.