Цената на бензините се намалува за еден денар, дизелот за половина денар

benzin-gorivo

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,77 % во однос на одлуката од 20.02.2025 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Agria

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95  ќе изнесува 79 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 81, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73.50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 73 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,012 ден/кг и сега ќе изнесува 46,178 ден/кг.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Познат е распоредот во ПЛ за сезоната 2025/26: На стартот веднаш дерби
Директорот на БЈБ во Велес: На патиштата има се’ повеќе тешки сообраќјни несреќи, неопходно е засилување на реакцијата на терен
Туфегџиќ бара ослободување на таткото на Вања: „Обвинителот се обиде да го претстави како нарко-зависник и неработник кој сакал само да дојде до пари“