Реклама

Се извини човекот кој повикуваше на Џихад

izvinuvanje Crna Dzamija

Човекот кој во саботата пред група верници во близина на велешката Црна Џамија се закануваше со војна, денеска се извини за искажаното.

Zito akcija 640x289px

Говорникот чие име е Фрат Мемедовски рече дека бил погрешно разбран, бидејќи не го знаел добро македонскиот јазик.

Agria

„Сакам да се извинам на градот Велес за моето обраќање, бидејќи тоа што го кажав не го мислев. Мојот македонски јазик не е доволно усовршен, бев возбуден и поради тоа моите зборови се разбраа на начин кој и јас самиот не го оправдувам. Исламската вера и муслиманите никогаш не повикуваат на безредие и анархизам, туку повикуваат на соживот со комшиите и со останатите вери и нации. Се извинувам до македонската јавност“, вели Мемедовски во видео обраќањето, објавено преку социјалните мрежи. 

Во саботата дел од муслиманските верници од Велес се собраа на мирен протест, поради тоа што лице од Штип со погрдни зборови го навредил Алах. Во своето обраќање, Мемедовски упати закани со војна.

„Ако некој го навредува нашиот господар и пратеник, ние ќе бидеме револтирани на овој случај и ќе правиме се како што ни е должност според Коранот. Ако ова се повтори уште еднаш, ние заедно ќе можеме да војуваме против овие луѓе кои го прават тоа“, вели вториот говорник, кој повикува на Џихад, односно да војуваат во името на Алах.

Неколку минути откако вчера Батали.нет го објави видеото, тоа беше избришано од фејсбук.