Филипче: Ќе беше помудро ако гласавме „за“ двете резолуции за војната во Украина

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче смета дека Македонија испрати порака дека нејзината надворешна политика е импровизација по гласањето за резолуциите во ОН за војната во Украина. Оценува дека Владата ја продлабочи конфузијата со тоа што прифати да бидеме коспонзори на американската резолуција, а потоа да гласаме „воздржано“.

Zito akcija 640x289px

Филипче потенцира дека за првпат една македонска Влада што коспонзорира резолуција потоа не гласа за истата. Претседателот на СДСМ тврди дека ќе беше многу помудро да гласевме „за“ двете резолуции и ќе беше стабилна позиција.

Agria

„Ако сме целосно усогласени со ЕУ, зошто гласаме спротивно на сите други европски земји? Гласањето за двете резолуции ќе беше наш јасен став за што поскоро завршување на војната во Украина. Зошто Владата одлучи да не стави во друшто на некое африкански земји кои што не делат никакви сличности од нас и притоа се оддалечуваме од сите земји во Европа и нашето соседство, во контекст на гласањето?“ праша Филипче на прес-конференција во седиштето на партијата.

Тој воедно и праша која е целта на последната посета на премиерот Христијан Мицкоски во САД и што Владата побарала од новата администрација на Доналд Трамп.

„Многу зборува, а не покажува конкретни резултати“, истакна Филипче за досегашното работење на Владата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: