Пеце Стојанов со четири постигнати гола донесе победа за Превалец

Prevalec Bucin

Фудбалерите на Превалец со победа ја отворија пролетна сезона во Третата фудбалска лига – Југ. На домашен терен, во рамките на 14 коло, тие бе подобри од екипата на Бучин со резултат 4:1.

Иако гостите први дојдоа во водство, сепак домашниот состав во вториот дел ги освои бодовите. Јунак на овој натпревар беше Пеце Стојанов кој ги постигна сите четири погодоци за Превалец.

Agria

По 14 одиграни кола, Превалец остана на третата позиција со 27 освоени бода. Во наредното коло гостуваат кај лидерот Големо Коњари.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: