Престана да важи времениот сообраќаен режим во Велес

Veles soobrakaj

Сообраќајниот режим во градот се врати по старо. Со пуштањето на мостот на Башино село за сообраќај, престана да важи времениот сообраќаен режим што беше воведен на 9 јануари, откако беше затворен за сообраќај башиноселскиот мост.

Од вчера се отсрани вертикалната сообраќајна сигнализација што го регулираше времениот сообраќаен режим. Се очекува да почнат да функционираат семафорите откако ќе се отстрани техничкиот проблем, информираа од Општина Велес.

Agria

Моментално на раскрсницата, сообраќаен полицаец ги насочува возилата по улицата Алексо Демниевски Бауман која повторно е еднонасочна.

Rontis oglas do 2 juni

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: