Филипче: Кочоска не се извини, лицемерни ќе бидат денешните нејзини честитики за жените

„Борбата за правата на жените и девојките е борба за праведно општество кое зависи од сите нас“, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, од денешниот традиционален Осмомартовски марш во Струмица.

Zito akcija 640x289px

При тоа, потенцираше дека е жално што во овој месец на жената јавноста беше сведок на скандалозни изјави со говор на омраза и дискриминација кон жените и тоа од страна на носителка на висока јавна функција.

Agria

„Борбата за правата на жените и девојките е борба за праведно општество кое зависи од сите нас. Тоа праведно општество бара од нас да бидеме гласни и да се спротивставиме секојпат кога ќе сведочиме деградација на било која жена.А најмногу кога таа деградација ќе дојде од друга жена и сред нашиот законодавен дом, кој им припаѓа на сите жени граѓанки на оваа држава. Голем срам е жена носителка на јавна функција да е таков непријател на друга жена. Со кој ли образ денеска ќе го честита овој празник?“ – рече Филипче.

Имаме неодговорна власт, која сака да го научи народот да живее на воздух, а тие да нарачуваат папаја и манго, додаде Филипче

„Така држава не се води, СДСМ водеше сметка за стандардот, за платите, за работните места.Македонија и македонскиот народ заслужува одговорна власт, заслужува власт како што бевме ние, заслужува власт, како што во најтешките кризи, кога владата ја водеа Зоран Заев, Оливер Спасовски и Димитар Ковачевски. Ниту еден граѓанин не беше оставен по страна, нагласи Филипче.

При тоа тој посочи дека СДСМ ќе продолжи да се бори за подобрување на стандардот на граѓаните како и за економско јакнење на жените.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: