Стотици демонстранти од доцна синоќа почнаа со блокада на јавниот сервис на Србија во Белград, протестирајќи против начинот на кој беше дефинирано студентското движење против корупцијата за време на телевизиска програма.
Според демонстрантите, блокадата ќе трае 22 часа. Во зградата на телевизиската куќа пак распоредени се поголеми полициски сили во полна опрема за разбивање немири.
Во рамки на медиумската блокада, демонстрантите им дозволуваат само на вработените да излезат, но не и да влезат во зградата.
Дојде и до краток контакт со полицијата, во кој повреден е еден полициски службеник. Радио телевизија Србија објави дека блокадата на нивната зграда е во целосна спротивност со претходните изјави на студентите во блокадата дека се залагаат за слободно функционирање на институциите.
Српските студенти водат масовни протести барајќи одговорност по смртоносниот пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, во која загинаа 15 лица.