Реклама

Италија денес ќе ги прими првите туристи

По три месечна блокада поради пандемијата која го зафати целиот свет, денес Италија ги отвара регионалните граници, со што овозможува поголема слобода за повеќе од 60 милиони жители на земјата, а од денеска се дозволени и пристигнувања од Шенген-зоната без карантин.

Zito akcija 640x289px

Одредени области во Италија и покрај отварањето на регионалните граници, владата на Италија сепак ги засилува контролите и мерките за да се спречи повторно ширење на Ковид 19 преку мобилни апликации, мерење на температура со термички скенери, како и неопходни хотелски резервации и пополнување на прашалници по пристигнувањето.

Agria

Лигурија, Венето, Ломбардија бараат враќање на нормалниоста, Тоскана побара да почекаат уште една недела, Кампања ја критикуваше одлуката за отварање на границите, а Сардинија најави здраствени пасоши за туристите кои сакааат да го посетат овој реон, каде што министерот Франсоа Боа, оваа мерка ја смета за неуставна.

На железничките станици телесната температура на патниците ќе се мери со термички скенери, а доколку е над 37,5, нема да им биде дозволено да патуваат со воз.

Собирите, растојанитето, употребата на маска во затворен простор се сеуште на на сила во Италија со цел да се спречи понатамошно ширење на вирусот.

Од почетокот на пандемијата, Италија е прва земја во Европа што воведе рестриктивни и карантински мерки на целата териоторија уште на почетокот на март, а со првите олеснување на мерките започнаа од 4 мај, за потоа на 18 мај да следеа и нови чекори. По денешното отворање на границите, за 15 јуни е најавено и отворањето на кината и театрите, а образовните институции и стадионите ќе останат затворени.

Корона вирусот Италија ја погоди сериозно, одземајќи повеќе од 33.000 животи, што земјата ја крена на третото место според бројот на жртвите од коронавирусот, по САД и Велика Британија.