Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Попладне, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни (над 15л/м2) во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер (над 60 км/час).
Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно наместа нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 5 до 11, а максималната од17 до 24 Целзиусови степени.