Вучиќ побара од Студентите „2.0“ да се повлечат од Паркот на Пионерите

vucic_12

Претседателот Александар Вучиќ побара од Студентите 2.0 да го напуштат од Паркот на Пионерите во сабота и да се вратат ден потоа. „Морам да побарам од попаметните и подобри луѓе да размислат за тоа“, рече Вучиќ. Доколку ја прифатите оваа понуда, многу ви благодарам, а ако не ја прифатите, ќе ги заштитиме сите“, нагласи претседателот во разговорот со студентите.

Студентите побараа 24 часа за да одговорат на барањето на претседателот.

Agria

Претседателот Вучиќ на нивно барање прими шестчлена делегација од „Студентите 2.0“ и посочи дека „државата за жал не може да го исполни нивното основно барање да учат бидејќи има траен прекин на наставата“ и за тоа им се извини.

„Ги разгледав сите пет ваши барања. За жал, како што знаете, не е се во наши раце, затоа што има, би рекол, во најмала рака трајно нарушување на наставата од страна на ректорот, деканот, професорите и секако студентите. Значи, вашето основно барање да студирате, за жал, во овој момент не можеме да го исполниме, а јас се срамам од тоа и се извинувам за тоа“, им рекол Вучиќ на студентите, пренесува РТС.

„Затоа што се срамам што државата не може да им го обезбеди на највредните и најдобрите она што им е уставно загарантирано право, а правото на образование е уставна категорија“, рече Вучиќ.

Во текот на разговорот, претседателот најави дека утре ќе им се обрати на граѓаните.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: