Во Велес одбележани 80 години македонски Црвен крст

Odbelezuvanje 80 godini Crven Krst Veles

Општинската организација на Црвен крст Велес синоќа во големата сала на Општина Велес, со свечена академија,  со доделување награди и признанија одбележа 80 години од постоењето. На академијата беше истакната историската улога на Црвен крст низ годините, во обезбедување на хуманитарна помош и поддршка на граѓаните, особено во кризни состојби и временски непогоди.

На настанот присуствуваа градоначалниците на трите општини – локални самоуправи кои ги опфаќа Општинската организација: Општина Велес, Општина Чашка и Општина Градско, на кои им беа доделени благодарници по повод јубилејот, како знак на благодарност за неизмерната поддршка во работата и мисиите на нашата Организација.Благодарниците беа доделени од страна на Претседателот на Црвен крст на Република Северна Македонија проф.д-р Ромел Велев.

Agria

Свеченото одбележување на 80 години македонски Црвен крст се одржа под мотото „80 години ние гледаме луѓе“.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: