Реклама

Рекордна бројка со над сто заразени е можна денеска

testiranje Covid19 997x485

Рекордна бројка на новозаразени со коронавирус во земјава во последниот месец, а можеби и од почетокот на епидемијата во земјава се очекува денеска.

Zito akcija 640x289px

Од Министерството за здравство сѐ уште нема официјални резултати од тестирањата во последното деноноќие. Меѓутоа, МИА, повикувајќи се на информации од Институтот за јавно здравје, информира дека има околу 100 нови случаи на ковид-19.

Agria

Истите извори од ИЈЗ посочиле дека од новодијагностицираните случаи со ковид-19 најголем број се од Скопје. За слична бројка објави и Канал 5 Телевизија

Поради големиот број заразени, се очекува Комисијата за заразни болести да одржи состанок во проширен состав.

Вчера во земјава беа регистрирани 76 случаи на ковид-19.  Претходниот ден бројката беше уште повисока – 89 случаи плус седум починати.

Според кумулативните анализи на ИЈЗ за состојбата од почетокот на корона-кризата во земјава, најголем број новозаболени досега биле регистрирани на 15 април (107 случаи).