Реклама

Јанчев: Тинејџерите најчесто се несовесните, кои не почитуваат мерки против коронавирус

mitko-jancev 997x485

На тинејџерска возраст најчесто се несовесните поединци кои не почитуваат мерки против коронавирус во Кавадарци. Вака денеска одговори на прашање на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, по состанок на Кризниот штаб.

Zito akcija 640x289px

Апелираше максимално да се почитуваат превентивните мерки заради нивна заштита, но и заради заштита на нивните повозрасни блиски. Потсетувањето за почитување на мерките, како што кажа, важи и за сите други граѓани.

Agria

„Штабот усвои протокол за интерна комуникација меѓу членовите, како и за давање интервју за актуелните состојби со вирусот. Се повикува на почитување на превентивните мерки за заштита и да се изготви спот со укажување на мерките за заштита“, информираше Јанчев за заклучоците од состанокот, на прес-конференција.

Тој потсети дека сега едно лице во општината е позитивно на вирусот, асимптоматски случај, на возраст од 65 години. Повика на почитување на мерките и најави дека продолжува дезинфекцијата и аеродезинфекцијата  во општината.

Поврзани вести

https://batali.net/4354/video-janchev-izbori-vednash/