Реклама

Видео: Инспектори биле спречени да влезат во објект на Боемска, внатре бил претседател на политичка партија?

Инспектори од Пазарниот инспекторат во Скопје, биле спречени да извршат увид во кафеана во Скопје на боемска улица. Вработените им посочиле дека објектот е од затворен тип и не им дозволиле да го извршат надзорот, но инспекторите подоцна се вратиле а од објектот излегле неколку лица меѓу кои и лидер на политичка партија.

Zito akcija 640x289px

Политичарот кој излегол од кафеаната додека на инспекторите не им бил дозволен влез, според извори на а1.он е Христијан Мицкоски, кој седел во затворениот дел на објектот. Инспекторката Маја Продановска вели дека ова им се случува прв пат да наидат на отпор при работата.

Agria

“На улицата Боемска проверувавме дали и во внатрешноста на кафеаните се врши некоја дејност. Во еден од објектите нашите колеги беа спречени да извршат надзор, да увидат со свои очи дека во објектот не се врши никаква дејност, со објаснување дека објектот не работи и никој нема клуч. Колегите беа упорни и останаа пред објектот. По некое време излегоа од внатре две физички чица, нормално за нас сите се граѓани на оваа држава, но некој препознаа политичар односно претседател на политичка партија. По два ипол часа седење пред објектот, во меѓувреме, излегоа уште две лица кои ние не можевме да ги легитимираме, ниту ги препознаваме. Влеговме во објектот ја утвривме фактичката состојба. Празен беше по два ипол часа. Но има елементи каде се гледа дека се вршело дејност внатре. Кујната беше со храна имаше тањири, корпата беше полна со отпадоци, шишиња”, вели инспекторката Продановска.