(ВИДЕО) Живот преточен во слики: Изложба на чешкиот уметник Онджеј Мишек во Велес

Ondjej Misek Likoven Salon

Во Ликовниот салон на Велес е отворена изложбата „Насликај го својот живот“ на чешкиот ликовен уметник Онджеј Мишек. Поставката претставува визуелен дневник на авторот и ги отсликува неговите животни искуства преку дваесетина дела во формат на големи плакати, работени со акрил на платно.

Изложбата е поделена на два тематски сегмента. Првиот дел ги прикажува делата создадени во Варшава, инспирирани од студентските денови и општествените промени во Полска за време на транзицијата од комунизам во капитализам. Вториот дел ги доловува искуствата на Мишек од неговиот седумгодишен престој во Бангкок, Тајланд, каде што првично работел како професор по графички дизајн, а потоа и како менаџер во артистички бар.

Agria

Уметничкиот стил на Мишек се одликува со современо фигуративно сликарство, збогатено со впечатлива типографија – одраз на неговата академска позадина во графички дизајн и дизајн на плакати. Сите дела се во идентичен формат, што дополнително ја зајакнува визуелната кохезија на изложбата.

Изложбата е организирана од Ликовната Уметничка галерија при Народниот музеј Велес, со поддршка од Амбасадата на Чешка во Скопје. Настанот беше промовиран од ликовниот уметник Лазе Трпков од Скопје, долгогодишен пријател и колега на Мишек уште од студентските денови во Варшава. Нивната соработка продолжила и низ години на заеднички културни проекти во Македонија и пошироко.

Како дополнување на поставката, посетителите имаат можност да погледнат и краткометражен арт филм кој го документира процесот на создавање на делата, носејќи дополнителна димензија на искреност и интимност во приказната која стои зад секоја слика.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Спортските игри во Велес годинава во живо според сите стандарди – склучена соработка со Live Streaming Production
Министерот за здравство поднесе оставка
Велешката библиотека „Гоце Делчев” ја доби наградата за „Библиотека на годината” за 2024 година