Реклама

Четворица новозаразени велешани во последните 24 часа

Ace Kocevski 29.05.2020

Четири новозаразени велешани со коронавирус се регистрирани во последните 24 часа. Двајца се од исто семејство, еден е припадник на ЕБОР и еден вработен во скопска болница.

Zito akcija 640x289px

Со тоа, бројот на заразени во Велес од почетокот на епидемијата изнесува 137 заразени. Од нив, 96 се оздравени, 31 се сеуште активни, а 10 починаа. Од активните алучаи, 17 се на домашно лекување, 11 се хоспитализирани на инфективното одделение во велешката болница, двајца се во ГОБ 8 Септември ви Скопје и еден се лекува на инфективната клиника во Скопје.

Agria

“Состојбата е стабилна, но нема место за опуштање. Велес е близу до Скопје, а не е исклучена можноста од ширење на вирусот поради празникот Рамазан. Полицијата ќе прави почести контроли навечер, бидејќи младите, посебно малолетниците се најголем проблем. Апелирам до сите кои утре планирале да одат на гробишта, да не го прават тоа и да ја почитуваат мерката. Храната која планирале да ја остават на гробот, нека ја донираат на гладните”, рече градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Тој уште еднаш ги повика граѓаните да го почитуваат мерките против ширење на заразата со коронавирус.