Фудбалерките на Борец убедливо ја совладаа Плачковица

ZFK Borec ZFK Plackovica

Фудбалерките на Борец го забележаа вториот триумф оваа сезона. На Градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес, велешките девојки беа подобри од екипата на Плачковица со резултат 4:0.

Zito akcija 640x289px

Мери Трајковска стрелаше два пати во гостинската мрежа, додека Ива Тодосова и Весна Милојевиќ постигнаа по еден погодок.

Agria

По 12 одиграни кола фудбалерките на Борец се наоѓаат на седмата позиција во Втората женска фудбалска лига. До крајот на првенството остануваат уште две кола, а во наредното коло во Велес ќе гостува екипата на Порече.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: