Еурофарм Пелистер 2 прва препрека за Фруитленд Борец на патот до полуфинале на Купот

Fruitlend Borec Radovis 2

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) беа извлечени групите за Купот на Македонија во машка конкуренција. Натпреварите од групната фаза ќе се одиграат на 26/27 април, додека завршниот турнир ќе се игра од 15 до 18 мај.

Zito akcija 640x289px

Екипата на Фруитленд Борец се најде во група 3 заедно со екипите на Вардар 1961, Бутел и Еурофарм Пелистер 2. Ждребката посака во четвртфиналето велешани да се сретнат со прволигашот од Битола, Еурофарм Пелистер 2. Победникот од овој дуел ќе се сретне со победникот од натпреварот Вардар 1961 и Бутел, по што ќе го добиеме полуфиналистот на ракометниот Куп на Македонија.

Agria

Бранителот на титулата Алкалоид се најде во група 1 заедно со две прволигашки екипи, Мултиесенс и Партизан Гевгелија, како и Пролет. Еурофарм Пелистер ќе има лесна задача да стигне до Ф4, бидејќи ќе игра со три екипи што се борат за опстанок, Куманово, Струга и Радовиш. Во групата 4,  Охрид и Тиквеш ќе бараат пласман на завршниот турнир преку Прилеп и Аеродром.

Допрва ќе бидат познати евентуалните домаќини на четирите групи, а доколку нема пријавено организатори, тогаш финалниот натпревар од групата ќе се игра на теренот на екипата со помал број.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: