Реклама

(ВИДЕО) Коцевски: Полицијата да ги спречи собирите на кои повика Повардарската епархија

Agatangel

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски денеска ја повика полицијата да ги спречи собирите на литургија по повод Духовден, на кои, преку својата веб страница, повика Повардарската епархија.

Zito akcija 640x289px

Исто така, Коцевски ги повика политичарите да не прават компромиси со црквата поради „пусти гласови пред избори“.

Agria

Тој вели дека Македонија е секуларна држава и црквата е должна да ги почитува законите.

И министерот за здравство Венко Филипче денеска го повика владиката на Повардарската епархија Агатангел, да го повлече повикот бидејќи е спротивен на неколку уредби.

Во меѓувреме, отец Борче Бобевски од Повардарската епархија за Батали.нет кратко прокоментираа дека нема да го повлечат повикот и дека тоа што имале да го кажат, го кажале преку соопштенито на нивната веб страница.

Погледнете ги изјавите на градоначалникот Коцевски и министерот Филипче.