ФФМ го прекина фудбалското првенство

FFM-2
FFM-2

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска донесе одлука да го прекине првенството во Првата фудбалска лига и натпреварувањето на Купот на Мекедонија.

Zito akcija 640x289px

Во соопштението објавено на веб страницата на ФФМ нема информација за другите детали, како за тоа дали ќе биде прогласен шампион, кои клубови ќе ја претставуваат земјава во европските купови и дали ќе има излегување во втора лига и промоција од неа, во првата.

Agria

Оваа одлука е донесена поради епидемиолошката ситуација во земјата и фактот дека бројот на ново заболени секојдневно се зголемува, но и поради тоа што фудбалери од прволигашки клубови се позитивни на тестовите за коронавирус.

„Следејќи ја здравствената состојба во нашата држава, посебно во последните неколку денови и ситуацијата со позитивните тестови на вирусот Цовид-19 потврдени кај неколкумина фудбалери од ФК Ренова и ФК Шкендија, потоа процесот на самоизолација од две седмици кои треба да го помине целиот тим на ФК Ренова, како и неможноста во вакви, вонредни услови, земајќи го во предвид и ограничувањето на движење, клубовите да го продолжат тренинг процесот пропишан во здравствениот протокол, Управниот одбор донесе одлука да ја прекине натпрварувачката сезона 2019/2020 во Прва МФЛ“, велат од ФФМ.

За оваа одлука ФФМ ја известила и УЕФА, потенцирајќи дека не може да гарантира дека продолжувањето на националниот шампионат би имал регуларен тек.

„Од Европската фудбалска Асоцијација (УЕФА) истакнаа дека се исклучително горди на нашата „Куќа на фудбалот“ земајќи го во предвид фактот дека ФФМ и покрај сите предизвици во изминатиот период имаше за цел да направи обид и да ја примени најдобрата опција за продолжување на клупското натпреварувања од Прва МФЛ за да се овозможи правилно, по спортска заслуга, продолжување и завршување на домашното натпреварувања“, велат од ФФМ.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: