Сончево утро, но нестабилно попладне: УХМР најавува пороен дожд и грмежи

oblachno

Денеска времето ќе биде променливо. Претпладне се очекува сончево со умерена облачност, додека попладне ќе преовладува променливо облачно време, со услови за нестабилност во повеќе делови од земјата.

Zito akcija 640x289px

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи, а на одредени места е можно и појава на невреме со поројни врнежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

Agria

Минималната температура ќе се движи од 6 до 11 °C, додека максималната ќе достигне од 19 до 26 °C.

Во текот на целата седмица, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи и грмежи. Локално се очекуваат поинтензивни атмосферски процеси со пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: