Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес спроведоа засилени контроли во повеќе угостителски објекти на подрачјето на градот.
Според информациите од СВР Велес, при акцијата биле извршени мерења на јачината на звукот во неколку локали, при што во два од нив било утврдено дека музиката е пуштена над дозволеното ниво на бучава. Со тоа, угостителските објекти го нарушиле јавниот ред и мир.
Од СВР Велес најавуваат дека против одговорните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави, а контролите ќе продолжат и во наредниот период со цел заштита на јавниот ред и обезбедување мирна атмосфера за граѓаните.