Полицијата уапси двајца жители на Горно Јаболчиште за нелегално поседување оружје

oruzje i municija

Вчера околу 10:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чашка спроведоа акција во која беа лишени од слобода О.Б. (47) и Н.Б. (40), двајцата жители на село Горно Јаболчиште.

Акцијата била изведена во соработка со Отсекот за недозволена трговија со оружје, при што со судска наредба бил извршен претрес на нивниот дом во атарот на село Раковец, општина Чашка.

Agria

При претресот, во просторијата каде престојувал О.Б. полицијата пронашла и одзела ловечка пушка калибар 16GA заедно со соодветна муниција. Во просторијата каде престојувал Н.Б. биле пронајдени и одземени ловечка пушка “IZ-17” калибар 12GA и 25 патрони.

Двајцата осомничени биле приведени во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По документирање на настанот, против О.Б. и Н.Б. ќе биде поднесена кривична пријава за “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, согласно член 396 од Кривичниот законик.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: