СВР Велес со акција за пошумување на реонот околу езерото Младост по повод денот на македонската полиција

По повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, Секторот за внатрешни работи Велес денеска спроведе пошумувачка акција на просторот околу езерото Младост, една од најпосетуваните туристичко-рекреативни локации во близина на градот.

Акцијата имаше за цел да ја поттикне свеста за заштита на животната средина и да ги мотивира граѓаните, заедно со полицијата, активно да се вклучат во создавање на поздрава околина за сегашните и идните генерации.

Agria

Во соработка со ЈП „Национални шуми“ – Подружница „Бабуна“, беа обезбедени садници кои полициските службеници ги засадија на однапред определени локации околу езерото.

Од СВР Велес порачаа дека полицијата останува цврст партнер на граѓаните не само во обезбедувањето на јавниот ред и мир, туку и во заедничките напори за унапредување на животната средина и продлабочување на соработката со локалната заедница.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: