СДСМ излезе со реакција по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ кон лидерот на партијата, Венко Филипче. Од најголемата опозициска партија тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ јасно кажал дека не поседува никакви инвестиции ниту имот во Обединетите Арапски Емирати.
„Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот. ВМРО-ДПМНЕ наместо да лаже во континуитет и да се обидува да дефокусира, треба да почне да реализира нешто за граѓаните кои од оваа власт осврн неспособност, лаги и напади на опозицијата ништо друго не виде веќе цела година“, стои во партиското соопштение на СДСМ.