Лазаров не дозволува еуфорија: Ништо не е готово!

Алкалоид одигра одлично во првиот натпревар од финалето на Купот на ЕХФ во Атина, каде што АЕК претрпе убедлив пораз и покрај поддршката од 9.000 навивачи.

Предноста од четири гола (29:25) сигурно нема да ги премногу да ги воодушени Кирил Лазаров и неговите играчи, а во таа насока беше и изјавата на легендата на македонскиот ракомет, која не дозволува еуфорија:

Agria

„Одигравме тежок натпревар против тим со голема традиција и искуство. Ништо не е завршено, иако може да изгледа дека четири гола се солидна предност. АЕК има квалитетни играчи, но и ние имаме свои адути. Се надевам дека повторно ќе бидеме поуспешни во реваншот, но сите знаеме дека воопшто нема да биде лесно“, рече Лазаров по мечот.

Реванш натпреварот во Скопје помеѓу Алкалоид и АЕК Атина ќе се игра во недела, 25 мај, во 20:30 часот во арената „Борис Трајковски“.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: