Прeдложен притвор за тројца осомничени за пожар во викенд куќа во велешко

Pozar na stan

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за – Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик, како и против уште едно лице осомничено дека им помогнало да го сторат делото.

Осомничените, двајца од Прилеп и нивниот помагач од велешко Ореше, на 10 мај со употреба на сила влегле во викенд куќа во селото Капиново.

Agria

Тие намерно со запалива течност предизвикале пожар во викендицата. Во куќата во тој момент не биле сопствениците, но објектот бил целосно зафатен и била причинета поголема имотна штета.

За сите тројца осомничени јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор. За двајца мерката е ефективна веднаш, а за третиот кој е во бегство притворот ќе се применува по неговото пронаоѓање и приведување.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: