Пецев Димитар на поширокиот состав во кадетската репрезентација за Европскиот олимписки младински фестивал Скопје 2025

Dimitar Pecev golman kadeti

Младиот голман на ракометниот клуб Фруитленд Борец, Димитар Пецев, се најде на поширокиот состав од 49 ракометари на новиот селектор на кадетската ракометна репрезентација на Македонија, Горан Кузманоски. Станува збор за селекција составена од ракометари родени 2008 година и помлади, која ќе се подготвува за настап на престојниот Европски олимписки младински фестивал Скопје 2025.

Ова е прво официјално собирање на оваа генерација, а во следниот период се предвидени дополнителни подготовки и селективни тренинзи, со цел оформување на конкурентен тим што ќе ја претставува Македонија на еден од најголемите младински спортски настани во Европа.

Agria

Повикот за Пецев претставува значајно признание за неговата работа, талент и ангажман, но и поттик за понатамошен развој и посветеност на ракометниот спорт.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: