Полициски службеници од СВР Велес денеска, околу 13:10 часот, го лишија од слобода 22-годишниот С.О. од Велес, осомничен за кражба на бакарен кабел од железнички патен премин на улицата „Илинденска“ во градот.
Според информациите од полицијата, осомничениот со употреба на подесен алат одзел бакарен кабел што служи за кревање и спуштање на железничката рампа, со што ја загрозил безбедноста на сообраќајот.
На местото на настанот извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР Велес, а по целосното документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.