Обид за кражба спречен од полицијата во Велес, приведени две лица

Policija Veles avtomobil

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес вчера во 19:25 часот привеле две лица поради обид за тешка кражба во еден станбен објект во Велес.

Приведените се А.А. (26) од Радовиш и М.Р. (22) од Велес, кои, според информациите од полицијата, со употреба на сила влегле во домот на 66-годишниот М.З. од Велес. Тие се обиделе да одземат предмети од домот, но биле навремено спречени од страна на полициски службеници.

Agria

Лицата биле приведени во полициската станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Велес.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: