ОЈО Велес побара притвор за велешанец осомничен за насилство врз дете и напад на полицајци

Osnoven sud Veles

Основното јавно обвинителство Велес поднесе предлог за притвор за 23-годишен маж од Велес, осомничен за физичко насилство врз малолетно девојче и напад на шест полициски службеници.

Според информациите од Обвинителството, инцидентот се случил на 13 јуни, кога осомничениот прво вербално ја навредувал жртвата – девојче родено во 2016 година, а потоа ја удрил со метален предмет по главата. Детето паднало на земја, по што осомничениот започнал да ја влече по улица.

Agria

Настанот бил веднаш пријавен во полиција, а на терен пристигнале шестмина полициски службеници. Наместо да се предаде, осомничениот им се заканувал со секира и тесла, и се приближувал кон нив и покрај издадените наредби да запре. Полицијата реагирала со два предупредувачки истрели во воздух, но напаѓачот успеал да побегне и бил во бегство два дена.

По неговото приведување, 23-годишникот продолжил да се заканува на полицајците и да покажува агресивност, што според Обвинителството, укажува на реална опасност тој да ги повтори кривичните дела или да се обиде да избега. Поради тоа, обвинителот побара определување мерка притвор.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: