21-годишник од Велес пријавил дека му се барале 20.000 евра под закана со пиштол

50 evra

На 17 јуни, во 22:30 часот, во Секторот за внатрешни работи Велес, 21-годишен жител на градот пријавил дека бил жртва на сериозни закани и уцена од страна на три лица, меѓу кои и лице од Скопје со иницијали О.Ф., како и С.Н. и уште едно непознато лице.

Според пријавата, додека бил во угостителски објект во Велес, до него пристапиле тројцата осомничени. Едниот од нив, О.Ф., му се заканил дека ќе му наштети на семејството доколку не му предаде 20.000 евра. Во обид да ја избегне заканата, пријавителот понудил како дел од сумата свое возило и мобилен телефон, додека остатокот од парите ветил дека ќе ги даде во наредните денови.

Agria

По наводен договор, страните изготвиле нотарски документ за пренос на сопственоста на возилото, а од продажбата на телефонот била исплатена дел од бараната сума.

Ситуацијата дополнително се заострила кога, според пријавеното, неколку часа по враќањето дома, тројцата осомничени се појавиле пред неговиот дом и агресивно тропале на вратата. Во тој момент, О.Ф. наводно држел пиштол во рацете, што ја зголемило загриженоста на пријавителот за безбедноста на себе и своето семејство.

Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сите инволвирани лица.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: