Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/литар. И малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.,
Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 77,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 79,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 73 ден/лит, истакна РКЕ. Цената на Екстра лесно (ЕЛ-1) гориво ќе изнесува 72,00 денари.
За само една недела цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 5,5 денари исто како и Екстра лесното , додека цената на бензините се зголеми за денар и пол.