Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против 46-годишниот Ј.Ч. од Скопје, осомничен за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Според информациите од полицијата, на 13 март годинава, пријавениот наводно одзел банкарска картичка од својата познаничка без нејзино знаење, по што во неколку наврати извршил подигнување на готовина од банкомат. Со тоа ѝ нанел финансиска штета во износ од 107.738 денари.
Случајот е пријавен во полиција, по што била спроведена истрага и собрани се потребните докази. Кривичната пријава е поднесена до надлежното обвинителство.