Искусниот велешки ракометар Тоше Ончев е најновото засилување на македонскиот суперлигаш МРК Куманово. Со своето долгогодишно искуство и настапи во домашни и странски клубови, Ончев се очекува да биде значаен адут за кумановскиот состав во новата сезона.
До минатата полусезона, Ончев беше дел од велешкиот клуб РК Фруитленд Борец, од каде замина за Шпанија, каде што ги бранеше боите на второлигашот Валинокс Новакс. По кратката, но успешна епизода на Пиринејскиот Полуостров, тој се враќа во македонското првенство со нов предизвик во дресот на Куманово.
Во својата богата кариера, Тоше Ончев има настапувано и за екипите на РК Вардар (Скопје), француските Вернолиет и Вермон, грчкиот Феакас, словенечкиот Тримо Требње, како и за РК Охрид и РК Голден Арт.